Dys Academy project

DysAcademy проект

Место каде што секој корисник успева

Проект

„Проектот DysAcademy цели кон креирање на инклузивни образовни услови за учениците со специфични тешкотии во учењето во Република Северна Македонија, Србија и Бугарија. Нашата иницијатива вклучува унапредување на капацитетите и градење на вештините на наставниците, родителите и стручните лица како ефикасно да ги препознаат и поддржат учениците со дислексија, дискалкулија, диграфија, диспраксија и АДД/АДХД. Нашата цел ќе ја постигнеме преку развојот на првата онлајн академија посветена на специфичните тешкотии во учењето.„

Што ќе создадеме со проектот?

80 видео курсеви за специфичните тешкотии во учењето
Онлајн
академија
Мобилна
апликација
Проектен конзорциум

Заедно можеме да направиме повеќе за учениците
со специфични тешкотии во учењето

Проектниот конзорциум се состои од три организации, кои повеќе од една деценија се целосно посветени на креирање на инклузивно општество за лицата со специфични тешкотии во учењето. Здружението за дислексија Ајнштајн од Република северна Македонија е координатор на проектот, а проектни партнери за Здружението за дислексија од Бугарија и организацијата Помош за семејствата од Република Србија.

Проектен тим

„Проектниот тим на проектот DysAcademy се состои од посветени професионалци и експерти со големо искуство во областа на специфичните тешкотии во учењето„

Правата академија за специфични тешкотии во учењето пристигнува на 1ви мај 2025 година

Денови
Часови
Минути
Секунди

Бидете во тек ...