За DysAcademy
проектот

Еразмус+ проект
„Онлајн академија за специфични тешкотии во учењето – DysAcademy„

Реф. Број:
2023-1-MK01-KA220-ADU-000154229

Времетраење на проектот:
24 месеци

Област:
Образование на возрасни

Здружение за дислексија АЈНШТАЈН – Северна Македонија

Партнери:
Асоцијација за дислексија Бугарија (ДАБГ), Здружение Грижа за семејството Србија

Цел на проектот:

DysAcademy проектот има за цел градење и зајакнување на вештините на наставниците, родителите и стручните лица за препознавање и ефикасна поддршка на учениците со специфични тешкотии во учењето. Целата ќе се оствари преку развој на првата онлајн академија за специфичните тешкотии во учењето. Академијата ќе биде развиена во форма на интеркативна веб платформа за е-учење и мобилна апликација, исполнета со 80 видео курсеви и образовни ресурси за дислексија, дискалкулија, дисграфија, диспраксија и АДХД/АДД.

Нашата мотивација за проектот

Како единствени органзиации во своите држави кои работат во областа на специфичните тешкотии во учењето, примарната мотивација за креирањето на DysAcdemy проектот беше нашата посветеност кон креирањето на инклузивно општество за лицата со специфични тешкотии во учењето.

Проектни активности

Креирање на курикулум за онлајн курсеви

Креирање на прирачници
за СТУ

Креирање на 80 видео
курсеви за СТУ

Развој на интерактивна
e-learning платформа

Развој на DysAcademy мобилна апликација

Кампањи за подигнување на
јавната свест за СТУ

Што ќе адресираме со имплементацијата на DysAcademy проектот?

За да можеме да создадеме инклузивно општество и инклузивен образовен систем за учениците со специфични тешкотии во учењето, неопходно е градење и унапредување на вештините и компетенциите на наставниците, родителите и стручните лица во обласите на препознавање и работа со учениците со специфични тешкотии во учењето. Нивната едукација ќе придонесе кон рано препознавање и уште порана интервенција кај учениците со специфични тешкотии во учењето. А самото тоа ќе придонесе кон инклузивно општество и образовни услови за учениците со специфични тешкотии во учењето.

Дигитализацијата како глобален феномен, докажа дека најефикасниот начин на учење е токму e-learning системот на учење, кој им овозможува на корисниците зголемување на своите знаења и вештини од било каде во било кое време. Досегашното искуство ни докажа дека наставниците и родителите на учениците со специфични тешкотии во учењето дефинитивно го преферираат e-learning  системот на учење, наместо традиционалниот систем. Токму затоа DysAcademy проектот ќе овозможи зголемување на знаењата и градење на вештините на целните групи преку правата онлајн академија за специфичните тешкотии во учењето. Проектот ќе понуди потполно иновативно и дигитално решение за образование во областа на специфичните тешкотии во учењето.

DysAcademy низ бројки

80 видео курсеви

To achieve the project goals, 80 video courses will be created, which will be available in English, Macedonian, Bulgarian and Serbian language.

2 отворени образовни ресурси

За да се постигне проектната цел ќе бидат креирани 80 видео курсеви, достапни на Англиски, Македонски, Српски и Бугарски јазик

3 проектни партнери

Проектниот конзорциум е составен од 3 организации кои се целосно посветени на креирање на инклузивно општество за лицата со специфични тешкотии во учењето повеќе од една деценија