Дислексијата и чувството на анксиозност одат рака под рака
Поддршката на дете со специфични тешкотии во учењето вклучува многу повеќе од само техники, медоти во однос на вештините за читање, пишување и сметање. Емоционалната благосостојба како и доброто ментално здравје, игра клучна улога во нивниот целосен развој и успех. Често пати знам да кажам дека дислексијата и чувството на анксиозност одат рака под рака.
Како можам да препознаам анксиозност кај моето дете со дислексија?
Препознавањето на анксиозноста кај дете со дислексија може да вклучува промени во однесувањето, како што се зголемена раздразливост, немир, тешкотии со спиењето или избегнување на училишна работа. Тие исто така може да изразат чувства на страв или неподготвеност да учествуваат во активности поврзани со читање. Почитувани родители и наставници, обрнете внимание на какви било физички симптоми како главоболки или стомачни болки, бидејќи тие исто така може да бидат знаци на анксиозност.
Дали анксиозноста може да влијае на севкупните академски перформанси на моето дете?
Да, анксиозноста може значително да влијае на целокупните академски вештини на детето. Високите нивоа на стрес и грижа може да ја попречат нивната способност да се концентрираат, да задржат информации и да работат со својот целосен потенцијал. Решавањето на анксиозноста е од клучно значење за создавање погодна средина за учење и овозможување на вашето дете да напредува како во академски вештини така и во секојдневната комуникација и активности.
Дали треба да го информирам училиштето на моето дете за неговата анксиозност?
Секогаш напоменувам дека потребна е здрава комуникација помеѓу детето, наставникот и родителот. Да, од суштинско значење е да го информирате училиштето на Вашето дете за неговата анксиозност поврзана со дислексијата. Со тоа, можете да работите во соработка со наставниците и другиот училишен персонал за да ја обезбедите потребната поддршка и сместување. Училиштето, исто така, може да спроведе стратегии за намалување на предизвикувачите на анксиозност и промовирање на позитивно искуство за учење за вашето дете.
Како прво и основно правило-Валидизирајте ги емоциите на Вашето дете.
Детектирајте и валидизирајте ги фрустрациите и предизвиците што може да ги доживее вашето дете. Покажете им дега нивните емоции се валидни и дека не се сами во нивните борби. Според нашето искуство, децата не сакаат да бидат во право, тие сакаат да бидат слушнати.
Фокусирајте се на успехот.
Секое дете е единка за себе, но се исти во тоа што секогаш се фокусираат на своите недостатоци и го минимизираат својот успех. Токму ова е можност да секој родител го потсети своето дете колку успешни работи има направено. Како родители или пак наставници фокусирајте се на тоа дека секој неуспех е отскочна даска за поголем успех.
Пример: Потсетете се на настан каде што Вашето дете надминало некој предизвик и денес лесно ја завршува истата таа задача. Предизвикот не треба да се однесува на читањето или пишувањето. Дали можеби му било тешко да ги научи деновите во неделата или пак училишниот распоред. Потсетето го на ова! Потсетете го на секој предизвик кој што денес го има надминато и покажува успех.
На овој начин вие се обраќате дирекно на Вашето дете, ги потенцирате неговите снаги и воедно му покажувате дека има сила и знаење да ги надмине предизвиците пред него.
Охрабрете го Вашето дете отворено да ги изразува своите емоции и грижи.
Создадете ритуал, одредено време и простор за емоционално пријавување и споделување како се чувствува. На тој начин го учите Вашето дете колку е важно споделувањето како се чувствува а воедно вас како родители ќе ви овозможи да сте проактивни во однос на менталното здравје. Активирајте ја Вашата креативност, постојат многу креативни игри преку слики, употреба на пластелин и друштвени игри каде што може да ги вклучите и емоциите како и нивна вербализација.
Чекор по чекор
Помогнете му на Вашето дете да се справи со задачите со тоа што ќе ги подели на помали, поостварливи чекори. Можеби ќе му треба помош за да види кои се тие чекори. Многу корисно е кога ќе креирате визуелна листа за проверка на нив. Овој пристап го намалува чувството на преоптоварување и создава чувство на исполнетост и себе вреднување. Секоја задача може да се подели на помали чекори.
Од големо значење е воведувањето на психолошка поддршка и психотерапија како на детето така и на семејството. Ве охрабруваме да побарате стручна помош во однос на менталното здравје како за Вас како родители така и грижа за менталното здравје на Вашето дете.
